Брано Миќуновиќ е главниот човек за поврзување на сите нарко босови во регионот.

Најмалку десетина страници досиеја од црногорската тајна служба за балканскиот Дон, Бранислав Миќуновиќ, наречен Брано, се однесуваат на неговите врски со еден од главните финансиери на терористичката ОВК, Насер Келменди, но и со Насер Ориќ, еден од командантите во рамките на армијата на БиХ и воен командандт на Сеебреница.

На барање на еден од шефовите на мафијата, кој се врати во Србија од Америка, Миќуновиќ беше ангажиран за поврзување на споменатиот криминалец со Насер Келменди. Во тоа време, Келменди беше шеф на значајна организација што работеше низ целиот регион и беше вклучена во нелегална трговија со наркотици, цигари, оружје, нафтени производи и скапи автомобили.

Конкретно, воспоставениот контакт беше поврзан со набавка и продажба на одредени ресторани во Сараево, стои во документите на црногорската служба.

Според извештајот има информациите за контактите на Миќуновиќ со Насер Ориќ.

Тој беше во блиска пријателска врска со Ориќ. Постојат индиции дека Миќуновиќ и Ориќ вршеле активности поврзани со присилна наплата на долгови и перење пари, при што Ориќ претежно постапувал по наредба на Миќуновиќ, пред се во смисла на склучување деловни договори со членови на други криминални групи во регионот. Миќуновиќ му помага на Ориќ, кога тој влегува во тешки долгови, и во соработка со Милан Шево, тој посредува во враќање на 300.000 евра на извесен пријател на Ориќ, за кого не се достапни податоци за идентификација, утврдиле црногорските оперативци.

Инаку, нарко босот Насер Келменди, беше приведен во Лозница, на 19 февруари годинава. Келменди се појави во хотел на влезот во Лозница. Околу 13.30 часот се слушнале сирени и неколку полициски возила, кои се движеле кон хотелот, каде што бил Келменди.

Агенцијата за безбедност на БиХ, СИПА, во презентацијата под наслов Криминалната организација Насер Келменди. претставена на состанокот на Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион, Франција во ноември 2008 година, наведе дека Келменди бил шеф на една од најдобро организираните криминални организации не само во БиХ, туку и во регионот, која е вклучена во шверц на дрога и цигари, трговија со луѓе, перење пари и лихварство.

Според документот, организацијата на Келменди во БиХ има членови во Сараево, Тузла и Зеница, а нејзиното влијание се протега на Црна Гора, Косово, Македонија, Хрватска, Србија, Германија и САД.