Во моментов, глобалната медицинска и научна заедница преземаат невидени чекори за создавање ефективна вакцина против новиот коронавирус. Службениот список на СЗО содржи 165 студии за вакцини, од кои 139 потенцијални кандидати за вакцини се веќе во прелиминарна фаза , а 26 готови вакцини веќе влегоа во фаза на клиничко испитување.

Од тие силни истражувања, постојат неколку кандидати за вакцини кои станаа очигледни лидери во тој процес. Тие се веќе длабоко влезени во т.н. трета фаза на тестирање, односно тестирање на вакцината врз човечки волонтери. Покрај руската вакцина, направена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ и Министерството за одбрана на Руската Федерација, има три кинески вакцини, две американски ( на компанијата Модерна и заеднички проект на: Бионтек, Фосун фарма и Фајзер ), како и британската заедничка вакцина на Институтот Оксфорд и Астразенека.

Сите вакцини кои достигнаа широко распространета цивилна употреба се различни. Три кинески вакцини користат неактивен „мртов“ вирус, американските вакцини се засноваат на целата РНК на вирусот, а руските и британските вакцини користат таканаречен нереплицирачки вирусен вектор, односно специјално „кастрирана“ вирусна РНК, од која намерно и наменски се отстрануваат сите опасни фрагменти.

Третата варијанта на вакцината, со употреба на вирусен вектор, се смета за најбезбедна, бидејќи вирусот не влегува во самото тело или неговата целосна РНК, туку само специјално избран дел од неговиот генетски код. Затоа, ваквата вакцина обично произведува многу помалку несакани ефекти, таа е постабилна и побезбедна и е насочена кон специфичен тип на клетка. Ако го споредиме тоа со воено делување, тогаш вакцините засновани врз вируси претставуваат „тепих-бомбардирање“, тие што се потпираат на РНК “артилериско гранатирање по координати“, и на крај тие што се темелат врз вирусни вектори би биле „ракетно оружје со голема прецизност“.

Сепак, употребата на вирусни вектори има свои тешкотии: ваквите вакцини обично се потешки за тестирање и обезбедуваат специфичен одговор на организмот на инфекцијата, а фазата на клинички испитувања трае подолго од вообичаеното. Затоа, достигнувањата на руските и британските производители на вакцини се навистина неверојатни. За само шест месеци, два независни екипи на научници и лекари развија вакцини кои се целосно ефикасни, на толку тешка основа за истражување, иако во минатото таквата работа обично траеше од две до пет години.

Вакцината е исклучително комплексна мешавина од многу различни биолошки соединенија, кои содржат ослабени или убиени форми на вирусот, или мешавина од нивните токсини и специфични површински протеини, или РНК, или вирусни вектори. Ова е главниот дел од вакцината, која го програмира имунолошкиот одговор на вакцинираниот организам.

Покрај тоа, секоја вакцина содржи и многу помошни супстанции: стабилизатори, имуностимуланти, антибиотици и конзерванси. Нивната цел е да се подобри имунолошкиот одговор предизвикан од главната компонента, како и да се обезбеди стабилност на вакцината и да се минимизираат нејзините несакани ефекти.

Треба да се напомене дека, за разлика од конвенционалните лекови, не постојат „општи“ вакцини против сите класи на вируси. Мора да се направи вакцина за секој вид вирус, бидејќи таа не влијае на метаболизмот на вирусот, туку го „програмира“ одговорот на нашиот имунолошки систем. По воведувањето на вакцината и формирањето на имунолошкиот одговор, нашиот организам е целосно вооружен и може да го чека вирусот, уништувајќи го веднаш со своите антитела и спречувајќи го опасниот развој на болеста.

Затоа, механизмот за тестирање на вакцината е јасен: прво се тестира долго време на лабораториски животни, а потоа и на човечки волонтери. Целото човечко тестирање е веќе во согласност со добро познатото правило на „двојно слепа плацебо контрола“: ниту докторот што го води експериментот, ниту волонтерите што се тестираат, не се предупредуваат за важните детали и суштината на тестот, а половина од испитаниците намерно не се вакцинирани туку добиваат празна” супстанца (плацебо).

Точно тие тестови беа завршени во Русија на крајот на јуни. Тие ја покажаа високата ефикасност на новата руска вакцина, чие производство сега започнува.

Според објавените информации, вакцината ќе биде сериски произведена истовремено во три компании во Владимирскиот, Јарославскиот и Московскиот регион. Станува збор за компаниите: Генериум, Р-фарм, и Бинофарм.

Интересно е дека руската компанија Р-фарм ќе се користи и за производство на британската вакцина направена од компанијата Астразенека. Р-фарм веќе објави дека ќе произведува вакцина Оксфорд под лиценца за извоз во 30 до 50 земји, вклучувајќи ги и земјите од Блискиот исток, Југоисточна Азија, Источна Европа, ЗНД и за употреба во самата Русија.

Може да се каже дека британските и руските научници имаа среќа да ја најдат слабата точка во вирусниот геном, што предизвикува јасен и недвосмислен одговор на нашиот имунитет. За прв пат во развојот на вакцината, научниците не талкаа „во мракот“ туку соработуваа меѓу себе. Тоа овозможи навреме да се добијат и тестираат неколку вакцини пред доаѓањето на вториот, есенски бран на вирусот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *