Од денес, Доналд Трамп повеќе не е претседател на Соединетите Американски Држави и со напуштање на Белата куќа, тој стекнува право на годишна пензија од 221.400 долари, со одредени поволности. Сепак, постои голема можност тој тоа да не го добие.

Трамп може да ја изгуби годишната пензија доколку биде повлечен на претстојната седница во Сенатот. Законот не им дава пензија на претседателите чие време на власт е прекинато со одземање на моќта.