Пациент со коронавирус во САД претрпел болна ерекција во траење од три часа поради ретка компликација поврзана со таа болест, пишува Дејли меил .

На неидентификуван 69-годишник од Охајо му била дијагностицирана состојба медицински позната како приапизам, додека минатата есен бил во болница со тешки симптоми на ковид.

Во август тој беше примен во болницата во Miami Valley поради тешко дишење и воспаление, што предизвика акумулација на течност во неговите бели дробови.

Пациентот бил ставен на респиратор кога по 10-дневно лекување состојбата се влошила и белите дробови почнале да му откажуваат.

Медицинските екипи го држеа 12 часа легнат со лице надолу, што е техника за итни случаи што му помогна да стигне до воздухот. Кога тоа попладне го свртеа на грб, медицинските сестри забележаа дека има ерекција.

Пишувајќи во The American Journal of American Medicine, медицинските лица кои го лекувале велат дека веруваат дека ковид-19 предизвикал згрутчување на крвта во неговиот пенис.

На пенисот на пациентот беше ставен пакет мраз за да се обидат да го намалат отокот, но вкочанетоста траеше три часа. Лекарите тогаш морале да ја исцедат крвта од неговиот пенис со игла. Иако пријапизмот не се вратил, пациентот починал затоа што на крајот му откажале белите дробови.

Коментирајќи го случајот, д-р Ричард Вини, уролошки хирург во болницата Квин Елизабет во Бирмингем, рече дека тоа е многу интересно.

Тој рече дека досега не наишол на пациенти со ковид-19, кои исто така страдаат од приапизам.

Не видовме случаи на приапизам во врска со ковид и, колку што знам, имавме повеќе пациенти со ковид од која било друга европска болница, па ова е очигледно ретка манифестација на ковид-19.

Но, ова не е прв пат пациент од ковид да страда од приапизам.

Неидентификуван 62-годишник од Франција ја претрпел оваа болна состојба додека бил во болница поради тешката состојба предизвикана од ковид, а исто така бил на апарати за дишење две недели.

Лекарите од Centra Hospitalier de Versailles u Le Chesnay, во близината Париз, пишуваа за овој човек во The American Journal of Emergency Medicinе.

Миријам Ламамри , лекар за интензивна нега кој го лекувал францускиот пациент, објаснил дека веројатната причина за приапизам е згрутчување на крвта.