Ретко ја гледаме во јавноста а поради неа тој го промени својот живот.

Бора Чорба се разведе од сопругата Александра во 2014 година, за потоа среќата да ја пронајде во 28 години помладата Дубравка Милатовиќ, со која заедно живеат во Словенија.

Дубравка е третата жена на Бора, а рокерот на својата рака го истетовира нејзиниот лик но не само тоа, тој и го посвети и целиот негов албум Ако тебе те нема.

Бора и неговата сопруга ретко може да се забележат во јавност, но кога ќе бидат забележани тие веднаш се мета на папараците.

Бора Чорба на својата понежна половина пред некое време и посвети и книга!

Книгата ја посветив на мојата сопруга, мислам дека жените се најголемата и најдобрата инспирација на уметниците, а посбено жената која е до мене. Таа успеа да ме припитоми со годините кој ги имам сега, а тоа влијаеше да почнам да живеам релативно здрав живот, престанав да пијам и да пушам. Можам слободно да кажам дека мојот живот се продолжи од кога ја запознав мојата љубов,- изјави Бора во интервјуто за магазинот Story.

Дубравка избегнува да се фотографира, дури и предолго време ја убедував да ги објавам нејзините фотографии го книгата која ја пишував. Се трудеме да ја чуваме нашата приватност, иако тоа е многу тешко, новинарите ме следат насекаде, додаде Бора.