На насловната страница на израелскиот дневен весник Харец се објавени фотографии од палестински деца и тинејџери, 67 од нив, кои беа убиени во последните судири.

Ова е цената на војната, стои на првата страница од весникот со портрети на убиените. Овој дневен весник, најстар во Израел, во соработка со Њујорк Тајмс, објавија фотографии, години и стории за жртвите на возраст од шест месеци до 17 години.

Вкупно 254 Палестинци загинаа во израелскиот бомбардирање, според Министерството за здравство во Газа, а една четвртина од загинатите се деца.

Харец приказните за убиените ги објави за помалку од една недела по стапувањето во сила на прекинот на огнот, ставајќи крај на последната ескалација на палестинско-израелскиот конфликт, а во време на политичка криза во Израел поради четвртиот неуспешен обид на премиерот Бенјамин Нетанјаху за формирање влада во последните две години.

Израелската војска соопшти дека некои од децата убиени во Газа биле убиени од „погрешно насочени ракети од палестински екстремисти“. Во Израел, во последниот конфликт беа убиени 13 лица, меѓу кои едно петгодишно дете и едно 16-годишно дете.