Во првите шест месеци, од почетокот на корона пандемијата, во 32 земји починаа дури 593 000 луѓе повеќе отколку во истиот период во претходните ( обични ) години пред пандемијата. Според официјалната статистика, 413 000 луѓе починале од ковид-19. Но, што е со останатите 180.000 изгубени животи!?

Од што умреа овие луѓе? Зошто се јавува овој вишок на смртни случаи? Што се случува? Ќе мора ли во светот повторно да ги бројат мртвите од корона?

Не е тајна дека официјалните податоци за бројот на смртни случаи од ковид-19 предизвикуваат бројни полемики. Така е во целиот свет. Секој ден, граѓаните изразуваат сомнеж за точноста на бројките.

Сајтот Натура презентираше податоци за 32 земји и четири големи градови во кои се веруваше дека е достапна точна проценка на смртността. Но, и тука постои застрашувачко отстапување – од почетокот на пандемијата до јули оваа година, потврдени се вкупно 593.344 повеќе смртни случаи во тие земји и градови отколку што се очекуваше во просечни години без корона.

Од вкупниот број на смртни случаи, 413.041 смртни случаи биле официјално потврдени како ковид-19. Кога од 593.344 повеќе умрени ќе се минусираат 413.041 остануваат уште 180.303 изгубени човечки животи.

Значи, во 2020 година починаа 180.303 повеќе луѓе отколку што можеше да се очекува според годишниот просек на умрени, дури и кога ќе се земе предвид црниот ефект на ковид-19.

Научниците тоа го нарекуваат, оние 180.303 смртни случаи, со застрашувачки израз „вишок на смртност“.

Што е „вишок на смртност“?

Тоа е накратко, односот на бројот на смртни случаи што се очекувале во даден период и бројот на смртни случаи што де факто се случиле во истиот период.

Така се пресметува вишокот на смртност:

Од регистрираниот број на смртни случаи во една земја во месеците на 2020 година во која има пандемија на коронарен вирус

Минус

Просечниот број на смртни случаи евидентирани во истите месеци во истата земја во, на пример, во последните пет години, пред коронавирусот

Минус

Официјалниот број на загинати од короната во истата држава во 2020 година.

Тоа би било еднакво на:

Вишок на смртност во таа држава во 2020 година.

Добиениот број претставува дополнителна смртност за која немаме потврда дека тие биле директно предизвикани од вирусот корона, но очигледно на некој индиректен начин се последица на пандемијата.

Како пандемијата всушност убива?

Кога бројот на смртни случаи од коронавирус почнал да расте во Европа, истражувачите од Копенхаген започнале да работат на „следење на смртта“ за 24 европски земји, во кои се забележани сите причини за смрт на неделно ниво. Веќе помеѓу март и април, тој мониторинг покажа десетици илјади смртни случаи повеќе од објавената официјална статистика за вирусот корона.

Преведено во проценти: бројот на смртни случаи бил поголем за – 25 отсто!

Ова се случи затоа што смртните случаи од короната почнаа да се појавуваат под радарот поради недостаток на тестови, но и затоа што различни земји ги броеја мртвите на различни начини, со исклучок, на пример, на смртните случаи во домови за стари лица.

Оттука, значителен дел од „вишокот на смртност“ е многу повеќе индиректен резултат на општите услови создадени од пандемијата, отколку резултат на самиот вирус. На пример:

Некои болници објавија дека луѓето болни од рак и хронични заболувања ги прескокнуваат редовни прегледи, што го доведува нивното здравје во смртна опасност,

Оваа година од дијабетис починаа од 20 до 40 отсто повеќе луѓе во Америка во споредба со просекот за последните пет години,

Смртните случаи од исхемична срцева болест во САД се за 6 до 29 отсто повеќе отколку во нормалните години,

Во некои градови, извештаите за семејно насилство се зголемија, дури и со смртни случаи, а сето тоа е во врска со менталните проблеми нагласени со долгорочни карантин или полициски час.

Во САД и Шпанија, двете земји досега најпогодени од пандемијата, околу 25 до 35 отсто од смртните случаи од „вишок на смртност“ не се евидентирани во официјалната статистика на „ковид-19“.

Во Перу, дури 74 отсто од дополнителните смртни случаи не биле заведени дека се предизвикани од вирусот корона. Од друга страна, во некои земји, како што е Бугарија, оваа година официјално се потврдени помалку смртни случаи отколку во претходните!

Експертите се загрижени за валидноста на овие статистички податоци и начинот на кој се внесуваат бројките за причините за смртта, како од корона, така и од други болести. Затоа, бројот на оние кои починале од вирусот корона во овој момент изгледа несигурен, дури и произволен.

Вистината е дека ние ќе ги откриеме последиците од најголемата глобална пандемија во последно време во бројот на смртни случаи само подоцна, кога сето ова ќе заврши.