Џо Бајден ќе биде прогласен за претседател на САД, но тој ќе стане претседател без легитимитет – рече политикологот и историчар Сергеј Станкевич во етерот на програмата „Вечер со Владимир Соловјев“.

Станкевич вели дека Џо Бајден за многу Американци ќе биде претседател на Американска пошта.

Голем дел од гласовите што ги доби беа гласачки ливчиња што пристигнаа по пошта. И, најверојатно, никој нема да знае колку од нив се вистински живи гласачи – рече Станкевич.

Тој предвиде дека Трамп ќе ја напушти Белата куќа, но дека „трампизмот“ нема да ја напушти Америка. Политикологот смета дека овој политички тренд земал замав и дека пуштил длабоки корени.

За разлика од него лидерот на руската опозициј, Владимир Жириновски верува во победата на Трамп.

Вие победувате со сите законски гласови. Имате моќен тим: поднесете тужби во сите судови, принудете ги да гу одбијат гласовите што пристигнале по денот на гласањето. Одете во Врховниот суд да ја признаете вашата победа, напиша Жириновски.

Жириновски на Телеграм напиша дека треба да се прифатат само оние гласачки ливчиња што пристигнале пред крајот на денот на гласањето.