Драшко Станивуковиќ , новиот градоначалник на Бања Лука, го честиташе Православниот Божиќ со фотографија на која гордо позира на коњ, облечен во традиционална носија.

Некогаш, нашите предци во носии и коњи, на овој ден отидоа да ја исечат елката. Ова ме поттикна да се сетам, барем за момент, на традициите и обичаите од минатото, кои немаме можност да ги гледаме често. Најважното нешто остана исто и денес, а тоа е обединување на семејството, молитва, вера што живее длабоко во нас и желба да се зачува нашата вековна традиција – рече Станивуковиќ на Инстаграм.

Инаку пред нова година Станивуковиќ и стана познат на македонската јавност, како градоначалник на Бања Лука, кој првиот ден по стапувањето на власт побара од вработените да ги вратат клучевите од службените автомобили.

Сите клучеви од над 50 службени автомобили беа вратени во 16 часот, на мое барање, во канцеларијата на градоначалникот.  Никој друг нема право да користи службени автомобили за приватни цели како што беше случај претходно. Над 70 проценти од службените автомобили со години, по работното време, не се на паркингот пред Градската управа. Ние ќе донесеме одлука дека сите службени автомобили мора да бидат обележани и таа е подготвена, а новите регулативи за употреба на овие возила се подготвени. Меѓу тие  клучеви има и автомобили во вредност од над 50. 000 евра, кои ќе ги продадеме, бидејќи има многу поприоритетни работи за граѓаните на Бања Лука, рече тој.