Во српските медиуми се појави веста дека е ограбена вилата на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ во Марбеља. Потоа се покажа дека била ограбена вилата на братот на Новак Ѓоковиќ која исто така се наоѓа во Марбеља, која важи за едно од најмонденските ако не и најмонденско место во Шпанија.

За време на карантинот, најдобриот тенисер во светот помина неколку месеци со своето семејство во оваа прекрасна вила, и тоа беше негова оаза на мирот, а секој што имал прилика да погледа како изгледа таа вила од надвор и одвнатре им е јасно зошто Ѓоковиќ се одлучил на тој чекор..

Како што беше напишано, Новак потроши околу 10 милиони евра за овој рај на земјата. Вилата се наоѓа на најлуксузната локација во Марбеља, со прекрасен поглед на морето и планините што го опкружуваат местото. Вилата е опкружена со зеленило, прекрасно уреден тревник, а пред величествената куќа има базен.

Луксузниот дом на Новак и неговата сопруга е опремен со вкус, има девет соби во главната куќа, како и осум бањи, додека има и две соби во гостинската куќа.

Покрај тоа, има домашно кино и теретана каде Новак и неговата сопруга Јелена го поминуваат поголемиот дел од времето.

Погледнете го видеото од прекрасната вила на Ѓоковиќ: