Во моментот кога го изговараше зборот земјотрес, струјата се прекина во студиото.

Австралиската водителка и новинарка Грејс Еванс имаше прилично непријатно искуство додека известуваше за силниот земјотрес што ја погоди областа во близина на Мелбурн.

О Боже! Се плашам, ова е вистинска апокалипса. Не можам, ќе плачам, тоа беше се што успеа да каже видно потресената водителка.

Подоцна, таа раскажа се на Твитер и го објави видеото.

Можам да потврдам дека мислев дека апокалипсата пристигна токму во тој момент. Струјата се исклучи токму кога го изговарав зборот земјотрес. Ова е баш премногу за оваа 2021 година, рече таа.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на руралниот град Менсфилд, на околу 200 километри североисточно од Мелбурн, на длабочина од 10 километри.

Моментот кога Мелбурн беше погоден од земјотресот беше снимен и на ABC, каде што водителот во студиото и неговиот гостин беа доста вознемирени кога се тресеше.