Четири лица беа убиени, а 52 беа уапсени откако приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп упаднаа во Конгресот во средата за да ја спречат потврдата за изборната победа на неговиот наследник Џо Бајден , соопшти полицијата на американскиот главен град.

Началникот на полицијата во Вашингтон, Роберт Ј. Конти додаде дека во седиштето на републиканските и демократските национални конвенции се пронајдени две експлозивни направи, а во Капитол е пронајден пакет со молотови коктели.

Една жена е убиена во судирите меѓу демонстрантите и полицијата, а други три починале поради влошената здравствена состојба во немирите.

Американските медиуми го открија идентитетот на убиената жена. Станува збор за Ешли Бабит , ветеранка на американското воено воздухопловство од Сан Диего. Таа беше жесток поддржувач на Доналд Трамп и пред влегувањето на неговите приврзаници во Капитол таа на твитер напиша: Ништо нема да не запре. Бурата е овде, како и попис на работи што треба да бидат направени пред Конгресот да се состане денес.

На списокот се и оставката на потпретседателот Мајк Пенс и обвинението против него за предавство затоа што, потсети таа, вчера еднострано одби да ја провери верификацијата на изборните гласови, поради што Доналд Трамп го повика на Твитер.

Нејзиното семејство дознало за нејзината смрт преку медиумите.