Кристијано Роналдо минатата година гостуваше во емисијата „Добро утро Велика Британија“. Португалскиот ас потсети на еден интересен детал од својата младост во едно големо интервју.

Имав 12 години и немав пари. Играв и живеев со врсници од други делови на Португалија. Беше многу тешко за мене без семејството. Се сеќавам дека имаше Мекдоналдс каде добивавме остатоци од хамбургери кои не беа продадени.

Во неа работеше една жена и таму имаше уште две девојчиња. Би сакал да ги најдам, се надевам дека луѓето ќе ми помогнат – изјави Кристијано Роналдо.

Тој ја сподели својата желба со обожавателите на социјалните мрежи и започна потрагата по жената која му давала храна во детските денови.

И одговори една жена. Пола Лека е една од нив која им досела плескавици на Роналдо и на другите момчиња. Таа се надева дека ќе биде поканета на вечера. – Момчињата доаѓаа пред ресторанот и кога ќе останеа неколку плескавици, нашиот менаџер ни даваше дозвола да им ги дадеме. Еден од нив беше Кристијано Роналдо, најпознатиот меѓу нив. Доаѓаа скоро секоја вечер – открила Пола.

Во интервју за Радио ренесанса, Пола рече дека повеќе не е во контакт со другите жени кои работеле со неа во тоа време и дека не знае каде престојуваат . Кристијано Роналдо разговараше со Пирс Морган за сè, а особено трогателен беше моментот кога ја виде снимката од интервјуто со неговиот татко, кој почина во 2005 година.