Демократите планираат да започнат постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп уште во понеделник, пренесува телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неколку добро информирани извори.

На тој начин, гласањето за отповикување на претседателот Трамп може да биде иницирано веќе на почетокот или средината на следната недела, додава американската телевизиска мрежа.

Сепак, спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, не можеше точно да каже кога гласањето може да се најде на дневниот ред, наведува Си-Ен-Ен.

Тоа би бил втор пат да се поведе постапка за отповикување на Трамп.

Постапката за негово отповикување беше иницирана во декември 2019 година, поради обвинувања за злоупотреба на службената положба и попречување на Конгресот.

Сенатот го ослободи Трамп во февруари 2020 година и за двете обвиненија.