Пандемијата со коронавирусот може да заврши целосно до крајот на летото 2021 година, проценува Виктор Зујев, доктор на медицински науки, раководител на одделот за микробиологија на латентни инфекции на Институтот Гамалеја.

Според него, не само што ќе се смири пандемијата во Русија до летото, а особено до крајот на летото, туку може и да ја снема целосно, пренесуваат руските медиуми.

Експертот објасни дека во овој момент најголема опасност за здравите луѓе имаат оние кои се заразени асимптоматски, бидејќи иако вирусот не им штети на нивното здравје, тие активно го шират.

Зујев посочува дека вакцинацијата на населението ќе биде одлучувачки фактор за ставање крај на пандемијата со коронавирусот. Според неговите проценки, до крајот на август тие ќе можат да обезбедат колективен имунитет кај 60-70 проценти од Русите.

Професорот е сигурен дека вакцинацијата е најефикасна и во овој момент единствена мерка.

Човештвото сè уште не измислило ништо поефикасно против каква било вирусна инфекција од вакцината. Затоа, одлучете дали треба да бидете вакцинирани или не, рече тој.

Тој исто така спомена три фактори со кои ќе се стави крај на пандемијата: за половина година ќе се зголеми бројот на луѓе кои ја прележаа короната, ќе се зголеми бројот на луѓето кај кои се развила латентна вирусна инфекција во телото, а тоа се таканаречените асимптоматски случаи, но и кај нив ќе се формира имунитет, и на крајот летото не е погодно за пневмотропни вируси, а таква судбина го чека вирусот корона, бидејќи тоа е типичен претставник на пренумотропните вируси.