Директорот на Руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, го коментираше потеклото на КОВИД-19, напиша весникот Вечерњаја Москва.

Студиите и анализите на наши експерти во оваа фаза не потврдија дека причината за смртоносната заразна болест е создадена во вештачки услови, изјави големиот шеф на руското разузнавање.

Според раководителот на безбедносната институција, појавата на КОВИД-19 се случила природно.

“Нашите заклучоци го покажуваат следново – ова е последица на процес што се разви во природата. Доказите за ова се многу пати повеќе од тврдењата дека имало некаква човечка интервенција во создавањето на овој вирус”, рече тој.

Наришкин исто така истакна дека прашањето за потеклото на причината за инфекцијата не било предмет на длабински дискусии меѓу научната заедница во неговата татковина. “Нашите специјалисти се зафатени со многу поважна работа. Ова е борба против подмолната болест”, рече шефот на руското надворешно разузнавање.