Пред два дена, Соединетите Американски Држави објавија дека ќе ги стават на располагање стратешките нафтени резерви, околу 50 милиони барели. Вчера следуваше слична мерка која беше одобрена и од Кина, што укажува на моменталната глобална состојба каде што се прават напори да се забави растот на цената на нафтата, но секако и инфлацијата.

Според Белата куќа, ова е координиран потег во кој покрај САД и Кина ќе заземаат учество, но покрај нив и Јапонија, Индија, Јужна Кореја и Велика Британија, пишува CNN.

Според Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), која ја следи достапноста на нафтата на глобално ниво за големите економии, ова е само четврти пат кога државите се одлучуваат на координиран потег откако е основана агенцијата, а последните три пати беа пред Заливската војна во 1991 година, по ураганите Катрина и Рита кои ги оштетија нафтените постројки во Мексиканскиот залив во 2005 година и како одговор на прекинот на снабдувањето предизвикан од либиската војна во 2011 година.