Куќата во Њујорк, каде израсна американскиот претседател Доналд Трамп, повторно се продава – по четврти пат во последните четири години, а продавачот бара дури три милиони долари. Аукциската куќа се надева дека неговите фанови ќе прифатат да ја платат таа цена.

Други слични улични куќи во истата област која се нарекува Јамајка естетс, побогато предградие на Њујорк, што личи на англиски парк, се продаваат за околу 1,3 милиони долари.

Починатиот татко на Трамп, Фред, ја изгради куќа во 1940 година со пет спални соби, камин и тесна патека.

Во 1950 година, кога Трамп имаше четири години, семејството се пресели во друга вила со 23 соби, што Фред ја изгради со спојување на на две соседни парцели веднаш зад оваа куќа.

Собраните средства Трамп може да ги донира во добротворни цели или имотот да го претвори во претседателска библиотека, музеј или место на националната историја.

Парамаунт Реалти ја продаде куќата за прв пат во 2016 година за 1,4 милиони долари на семејство кое веќе живееше таму.