Голем број песни кои се отпеани на српската фолк сцена,се напишани од најголемите српски рокери, а една од најпознатите е Милиќ Вукашиновиќ.

Во 2001 година, рокерот ја напиша песната „Сањам да си опет ту“, која требаше да ја отпее Цеца Ражнатовиќ. Како што изјави тогаш рокерот, Цеца не сакала да ја сними оваа песна поради сугестија на Марина Туцаковиќ.

Милиќ ја објави песната на својот Фејсбук профил, пишувајќи во белешка: „Песната е создадена кога Аркан умре и Бог ја направил за Цеца, но таа не сакаше да ја пее!

Оваа балада, која зборува за трагичниот крај на љубовта, ја напиша Вукачиновиќ веднаш по убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Песната на крајот ја сними Јована Типшин.