Поранешниот командант на Генералштабот на ОВК, поранешен премиер и министер за одбрана на Косово, Агим Чеку, беше поканет од Обвинителството во Хаг.

Тој ја прими поканата вчера, а во неа се наведува дека треба да се појави на рочиштето пред Специјалното обвинителство во Хаг на 28 септември. Тој за порталот koha.net изјави дека е повикан како осомничен.

Вчера добив покана како осомничен. Патувам на 28 септември “, рече Чеку. Со поканата до Чеку, испратена од Специјалниот суд во Хаг, се комплетира бројот на поканети членови на Генералштабот на ОВК и најголемиот број команданти на зоните.

Според информациите на Здружението на поранешни ветерани на ОВК, досега околу 250 нивни членови се повикани пред Специјалниот суд како осомничени или сведоци.

Агим Чеку дипломирал на Воената академија во Белград и бил капитен на артилерија во ЈНА сè до 1991 година, кога се приклучил на хрватската армија на почетокот на војната. Учествувал во операциите на хрватската армија „Масленица“, „Медачки џеб“ и „Олуја”.

Тој имаше чин генерал-потполковник и е добитник на највисоките хрватски државни медали: Орден Бан Јелачиќ, Орден на Никола Шубиќ Зрински, Медал за извонреден потфат.

Во мај 1999 година, Чеку беше назначен за началник на штабот на ОВК, на местото на Сулејман „Султан“ Селими. По крајот на војната, во јуни 1999 година, Чеку ја надгледуваше трансформацијата на ОВК во Косовски заштитен корпус .Тој беше избран за премиер на Косово на 10 март 2006 година.

Српските медиуми го обвинуваа Чеку дека ја тренирал колумбиската герилска организација ФАРК!?

коха.нет


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *