Ќе дознаеме дали Џо Бајден е победник или измамник, рече Руди Џулијани на прес конференцијата на правниот тим на Доналд Трамп и најави дека во понеделник ќе започне правна акција со која ќе се провери законитоста на пребројувањето на гласовите на претседателските избори.

Џулијанин посочи три клучни точки врз основа на кои ќе ја бара правдата на суд.

Тој рече дека ќе поднесе федерална тужба и додаде дека ќе повика онолку сведоци колку што побараат федералните судии, а тие веќе имаат 90.

Тој додаде дека само во двата најголеми градови во Пенсилванија се спорни околу 300.000 гласачки ливчиња.

Џулијани, кој е личен адвокат на Трамп, наведува дека трите најважни прашања се тоа што на набудувачите не им било дозволено да ги проверуваат гласачките ливчиња што пристигнале по пошта, потоа дека имало антидатирани гласачки ливчиња испратени по пошта и дека е забележано гласањето на „мртви души“.

Гласовите испратени по пошта се главниот извор на измама. Ниту едно ливче што пристигнало по пошта не било прегледано, како што налага законот. „Ако немате што да скриете, ќе дозволите проверка“, рече Џулијани.

Тој додаде дека на набудувачите не им е дозволено да ги проверуваат гласачките ливчиња, што е „незаконско и неуставно“. Тој додаде дека 50 до 60 набудувачи ќе сведочат дека не им било дозволено да ги проверуваат гласачките ливчиња.

Тој најави дека има најмалку четворица сведоци подготвени да сведочат дека биле откриени анти-датирани писма со гласачки ливчиња.

Во Филаделфија гласаа мртви луѓе и не се виновни граѓаните на Филаделфија, туку демократите“, рече Џулијани, додавајќи дека имаат повеќе докази за други незаконски активности, но дека засега има најмногу докази за овие три клучни точки.

Тој исто така изјави дека некои гласачки ливчиња имаат ист ракопис.