Пациент (75) во КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Белград синоќа изврши самоубиство скокајќи од првиот кат на оваа зграда. Како што дознаваме, човекот лежел во оваа болница затоа што се лекувал од вирусот корона и не му била лоша состојбата .

Во еден момент, човекот се искачил на вториот кат, а на прашањето од медицинските работници каде оди, тој рекол дека оди да посети некого.

Потоа, сестрите го вратија во неговата соба, на првиот кат каде што лежеше, но тој излезе и скокна во дворот.

Како што дознаваме, од таа страна на дворот, првиот кат е многу висок, скоро како третиот кат на другите згради.