Еден човек кој се лекувал од ковид во атинска болница е уапсен под сомнение за убиство на друг пациент, откако го исклучил од респиратор.

Полицијата соопшти дека осомничениот, чие име не е соопштено, останал под надзор на чувар во атинска болница се додека не се опорави, објави Ројтерс.

Пациентот (76), кој исто така се лекуваше од ковид, почина во средата вечерта откако лекарите од болницата Црвен крст утврдиле дека му е изваден респиратор без знаење на лекарот.

Двајцата пациенти лежеа на исто одделение, додаде полицијата.