Турција и предложи на Русија прашањето за конфликтот во Нагорно Карабах да се реши со „испробан метод“, односно по примерот на сирискиот модел, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Како што рече, би било добро што побрзо да се започне заедничка работа по тоа прашање, исто како што Москва и Анкара работеа во Сирија.

Овој конфликт досега не е решен на билатерално или мултилатерално ниво. Нерешениот конфликт само ја охрабрува Ерменија, рече тој, додавајќи дека Азербејџан премногу долго ја толерирал ерменската „окупација“.

Според него, прашањето може да се реши и ако Ерменија ги повлече своите трупи од територијата на непризнатата република Нагорно Карабах.

Како што рече, на таа тема се одржа разговор со рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Додека работиме заедно во Сирија, се обидовме тука, но не успеавме. Тие велат: Нека запре војната. Нека биде. Мора да се прогласи примирје, но Ерменија мора да се повлече од окупираните територии. Дали е тоа речено? Не. Како тогаш ќе се реши тоа прашање, се прашува министерот Чавушоглу?

Чавушоглу претходно изјави дека Турција е подготвена да го поддржи Азербејџан и на бојното поле и на преговарачката маса.