Али Ахмети има три фирми, две во Швајцарија, една во Женева и во Базел, и една фирма во Велика Британија, во Лондон, изјави Љупчо Палевски Палчо во вчерашната емисија Во Центар на youtube. Палевски изјави: Му даваме седум дена на вицепремиерот за ервроинтеграции, Бујар Османи да одговори дали е директор на оваа фирма во Лондон. Сопственик на таа фирма во Лондон е Али Ахмети, а се работи за сервис за перење автомобили. Фирмата е формирана на 26 октомври 2016 година, пред изборите на 11 декември 2016 по кои избори Ахмети и ДУИ не направија коалиција со ВМРО ДПМНЕ и се договорија со СДСМ и Зоран Заев да бидат дел од новата влада.

Палевски изјави дека ги имаат податоците за сите фирми на Заев во Бугарија, во САД и на други дестинации. Ние работиме на оваа работа повеќе од две години, рече Палевски. Затоа јас бев затворен и во естрадициски притвор повеќе од девет месеци, изјави Палевски во вчерашното интервју во емисијата Во Центар.

Според Палевски, уште еден поранешен функционер е влезен во бизнисот. Тоа е Бранко Црвенковски, кој според него, гради згради во Белград што е сериозен бизнис во моментот.

Целото ексклузивно и шокантно интервју на Љупчо Палевски Палчо за емисијата Во Центар можете да го гледате на следниот линк:


One thought on “ПАЛЕВСКИ: Али Ахмети има фирма во Лондон, а Бранко Црвенковски гради згради во Белград!?”
  1. […] Али Ахмети има три фирми, две во Швајцарија, една во Женева и во Базел, и една фирма во Велика Британија, во Лондон, изјави Љупчо Палевски Палчо во вчерашната емисија Во Центар. […]

Напишете коментар