Во вторникот, Памела Андерсон засекогаш се прости од социјалните мрежи со својот последен пост на Инстаграм. Звездата на популарната ТВ серија „Спасувачка служба“ одлучи дека повеќе нема да користи Фејсбук, Инстаграм и Твитер, а објасни и зошто.

Pamela Anderson
  • Тие сакаат сите да го контролираат нашиот мозок. Никогаш не ме интересирале социјалните мрежи, и сега конечно се чувствувам слободна, прифатив живот искрено инспириран од читање и од природата.

Ви благодариме за убовта. Испраќам благослови на сите. Се надевам дека ќе најдете сила и инспирација и дека ќе ја следите вашата цел, не дозволувајте изгубеното време да ве заведе. Ова е она што тие го сакаат и го користат за да заработат пари на вас. Преземете контрола над вашиот мозок – напиша 53-годишната актерка на Инстаграм, каде ја следат 1,2 милиони луѓе.