недостигаше да одиме на голем турнир, а еве мена на 38 години ќе ми се оствари сонот. Верував во овие момци, уште кога дојде селекторот пред пет години, разговаравме и се договоривме одредени работи. Се направи репрезентација од младост и искуство и заслужено се пласиравме на ова натпреварување.

Успехот го посветувам на мојата фамилија, тие се мојата инспирација и помош. Кога ме испратија од Италија, жената и децата ми порачаа: Тато без Европско првенство да не се враќаш. Среќни се сите, а јас сум најсреќен. Уште не верувам дека го остваривме сонот, ама за некој ден ќе разбереме што сме направиле. 

Кога го дадов голот погледнав кон небото и помислив дека вербата во бог ќе те награди. Знаеме дека долги години се мачевме во фудбалот, ама сега треба сите заедно да се радуваме бидејќи тоа го заслужуваме“, изјави Пандев.

Струмичанецот има завидна кариера зад себе, а пласманот со Македонија на Европско првенство ќе биде вистински „шлаг на тортата“.