Фудбалската репрезентација на Македонија полека се комплетира, а тројца од првотимците, Горан Пандев, Ељиф Елмас и Езџан Алиоски пристигнаа во хотелот ТЦЦ „Гранд Плаза“ и му се ставија на располагање на Игор Ангеловски.

За Пандев и Елмас се појавија шпекулации дека може да не пристигнат по одлуки на Џенова и Наполи, но еве ги, двајцата се во Македонија. Веднаш се стационираа во хотелот, а попладнево се очекува да го имаат и првиот тренинг.

Исто така со нив пристигна и Езџан Алиоски од Лидс Јунајтед. Од претходно тука се Илија НесторовскиСтефан РистовскиБобан НиколовВисар Муслиу… извор : гол.мк