Италијанските медиуми го квалификикуваа најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев како спасителот на Џенова.

Пандев беше најзаслужниот за триумфот на Џенова над СПАЛ од 2-0 по која џеновјаните се на пат кон опстанокот во најсилниот италијански шампионат.

Капитенот на македонската репрезентација го постигна неговиот деветти гол сезонава, прогласен за играч на натпреварот а од поголемиот дел италијански медиуми избран и во тимот на 32. коло во Серија А.


Напишете коментар