Дојче веле наведува дека три лица се убиени, а девет се повредени во Бејрут.

Во близина на местото каде што денеска се одржува протестот против главниот судија во истрагата за минатогодишната експлозија во пристаништето во Бејрут, се слушаат пукотници, пренесува либанската телевизија Ал Џадид.

Телевизијата објави фотографии на кои се гледа како луѓето кои се на улица бегаат и се обидуваат да најдат засолниште, пренесува Ројтерс.

Дојче веле наведува дека болнички извори објавиле дека три лица се убиени, а девет се повредени.

Либанскиот суд денеска ја отфрли тужбата против главниот истражител во истрагата за експлозијата во Бејрут во август минатата година, во која загинаа повеќе од 200 луѓе, и му дозволи да ја продолжи својата работа, покажуваат судските документи.

Истрагата за експлозијата беше привремено прекината оваа недела, откако беше поднесена жалба од поранешниот министер за финансии Али Хасан Калил и поранешниот министер за јавни работи Гази Зеитар, пренесува Танјуг.

Главниот судија Тарек Битар издаде налог за апсење на Калил.