Целосното запирање на продолжувањето на имунизацијата во сите земји на ЕУ јасно ја покажува моменталната реална моќ и позиција на ЕУ во светот.

Имено, ЕУ сака да мисли најдобро за себе, потпирајќи се на вековната културна, технолошка, научна и индустриска доминација, но таа приказна сега не е утеха за 450 милиони граѓани.

Унијата остана без вакцини, и што е уште полошо, никој нема идеја кога и дали наскоро ќе се регулира набавката од двата одобрени серума, Фајзер и Модерена.

Астра-Занека, во средината на кризата вели дека ќе може да испорача само 40 проценти од планираната количина. Тој удар е особено болен затоа што станува збор за серум од Оксфорд, европски, што немаше да се случи доколку ЕУ не платеше стотици милиони евра однапред за истражувањето.

Во меѓувреме, гласините и сомнежите дека американските Фајзер и Модерна му помогнаа на претседателот Бајден со цел брзо и масовно да се справат со кобид-19 не се веќе само гласини.

Објавата на Фајзер на 23 јануари дека одеднаш е потпишан нов договор со американската влада за нарачка на нови сто милиони дози серум со рок на испорака во вториот квартал од 2021 година, јасно кажува кој клиент има предност.

Беше најавено дека Американците ќе набават 400 милиони дози од Фајзер и Модерна до крајот на септември оваа година, 200 милиони од секој добавувач. Во исто време, Фајзер официјално објави дека и нуди на американската влада купување дополнителни 400 милиони дози.

Ова целосно одговара на планот на Бајден за брза вакцинација на околу 330 милиони Американци, а од САД доаѓаат податоци за вакцинирање на околу милион граѓани на ден.