Само неколку дена откако разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, Доналд Трамп донесе одлука да ги намали силите во Германија.

Како што продолжува хаосот во САД, поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, Претседателот Доналд Трамп потпиша план за намалување на вкупниот број војници стационирани во Германија од 34.500 на не повеќе од 25.000. Овој план на американскиот претседател многумина го сметаат за потег што ќе го ослаби НАТО, но и самите САД.

Аналитичарите очекуваат дека некоја потенцијална руска инвазија би можела да се насочи кон источниот дел од НАТО, каде сојузничките трупи се „најтенки“ на теренот. Балтичките држави: Естонија, Латвија и Литванија се особено ранливи.

Русија има околу 760 тенкови и 25 баталјони во близина на балтичките земји. Земјите на НАТО заедно одржуваат 15 баталјони со околу 130 тенкови во истиот регион, а околу 90 од нив се американски М-1 во привремена ротација.

Според сценариото претставено во 2016 година, руската армија брзо ги надмина вооружените сили на НАТО. Западната алијанса распоредува хеликоптери и воздушни мобилни трупи за да се спротивстави на напредокот на Русија, но тенковите на НАТО пристигнуваат премногу бавно.

И покрај воздушните предности на НАТО, Алијансата не може да го запре руското оружје.

Анализите покажуваат дека времето што е потребно за руските сили да стигнат во предградието на Талин и Рига е 60 часа.

Ова значи дека Русија би можела лесно да ја врати власта во државите кои некогаш биле под власт на Москва.

Се проценува дека, за ефикасно одбрана на балтичките земји, НАТО треба да ги зголеми одбрамбените сили во регионот од 15 баталјони на околу 30 и да обезбеди овие дополнителни единици да имаат тешка опрема што може да им се спротистави на руските тенкови во борба.

Сепак, под водство на Трамп, се чини дека американската армија ќе го намали присуството, а потоа источните членки на НАТО ќе бидат загрозени.

Бидејќи американската армија во Европа е слаба, на Русија можеби и нема да и требаат дури 60 часа да го окупираат Балтикот. Тоа веројатно ќе се случи многу побрзо покажуваат анализите.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *