Фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала изјави дека оние кои го негираат постоењето на вирусот корона „се на интелектуално исто ниво со оние кои тврдат дека Земјата е рамна плоча“.

Аргентинецот можеше од прва рака да се увери во опасноста што ја носи новиот вирус.

Дибала имаше вирус корона во март, помина еден месец во изолација и рече дека се чувствува лошо и дека се бори да дојде до здив.

Оние кои го негираат постоењето на вирусот ковид-19 ги ​​имаат истите интелектуални вредности како и оние кои веруваат дека Земјата е рамна плоча. Мислам дека не треба да кажам ништо повеќе, изјави Дибала за Venity Fair, пренесуваат италијанските медиуми.

Аргентинскиот фудбалер додаде дека не се плаши повторно да се зарази.

Му требаа повеќе од два месеци за целосно закрепнување пред да се врати на теренот.