ВАТИКАН – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, во божиќната честитка до сите верници кои го слават Божиќ денес рече дека делат вакцини против ковид-19 , додавајќи дека национализмот не смее да биде пречка во борбата против коронавирусот.


Во традиционална порака до светот, папата се обрати на видео-врска од говорница внатре во Ватикан, наместо од централниот балкон на базиликата Свети Петар, каде што на овој ден обично се собираат десетици илјади луѓе, објави Ројтерс

papa, franja

“Во овој историски момент, обележан со голема криза, нарушена економија и социјален дисбаланс, ситуацијата се влоши само со пандемијата на вирусот корона. Важно е да се разбере дека сите сме браќа и сестри”, рече Папата.

“Нека Синот Божји им го даде на политичките лидери духот на меѓународната соработка, почнувајќи од здравствената заштита, така што сите се третираат подеднакво во однос на вакцините. Сите сме во ист брод”, додаде Папата

На денот на раѓањето на Христос, сите верници кои го слават празникот според Грегоријанскиот календар, денес го слават Божиќ.