Пет светски милијардери драстично го зголемија своето богатство. Тие вкупно заработиле околу 72 милијарди долари за време на пандемијата

Додека голем број бизниси работат со загуба во услови на пандемија со корона вирусот, други ги искористија вирусот и карантинот за да профитираат.

На прво место е основачот на Амазон, Џеф Безос, на кого пандемијата му донесе 31,3 милијарди долари, па сега тој има вкупно 146,2 милијарди. Амазон ангажираше десетици илјади нови работници за време на пандемијата поради зголемениот обем на работа, како резултат на купување преку Интернет.

Колин Хуанг исто така профитираше, откако неговата компанија за е-трговија „Пиндуоду“ доживеа бум. Тој е „потежок“ за дури 14 милијарди долари и сега на својата сметка има точно 33,7 милијарди.

Елон Маск е шеф на Tesla и SpaceX. Неговиот профит сега е повисок за 12,8 милијарди, па овој контроверзен Американец, сега има вкупно 40,4 милијарди долари на негова сметка.

Човекот за кој многу се зборува и пишува деновиве, со оглед на веста дека Трамп има намера да потпише указ поврзан со социјалните мрежи, е Марк Зукерберг, креаторот на Фејсбук. За време на кризниот период, тој заработи 9,7 милијарди, па сега тој има богатство во вредност од 88,1 милијарди.

Ерик Хуан, основачот на Зум, платформа за видео-состаноци, заработи околу 5 милијарди долари за време на короната, па сега тој има 8,5 милијарди. Неговата компанија оствари неверојатен успех за само неколку месеци, бидејќи милиони вработени започнаа да работат од дома.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *