Армин Цибра, поранешен телохранител на Фахрудин Радончиќ, босански политичар и новинар, познат како основач на Дневни аваз, а во два мандати министер за безбедност, даде шокантно сведоштво за поврзаноста на Мило Ѓукановиќ со трговијата со дрога и неговите врски со Радончиќ и Насер Кељменди, кој се смета како еден од најголемите нарко дилери на Балканот.

Ѓукановиќ доаѓаше во куќата на Радончиќ во Сараево, вели Цибра. Радончиќ му организираше провод за Мило во кафани со стомачни танчерки, а на тие кафански средби присуствуваше и Насер Кељменди. Преку Кељменди споменатите организираа бројни убиства. Во една прилика, се сретнавме со Веселин Веско Баровиќ, близок соработник на Мило Ѓукановиќ и најголемиот тајкун во Црна Гора. Средбата со Мило и Радончиќ се одржа во хотелот Сплендид.

Од Црна Гора со блиндирани возила носевме вреќи со пари во Сараево. Мило Ѓукановиќ ни организираше да патуваме до Сараево со автомобилот на Кељменди, а во придружба на “полиција” со ротациони светла. Никој не не запираше. Радончиќ тие пари потоа ги пушташе во легалните финансиски текови, а меѓу другото, ги вложуваше и во изградбата на неговата Аваз Кула. Дел од тие пари завршија за изборни манипулации. Тоа се пари од трговијата со дрога, истакна Цибра.

Еден од шефовите на црногорската опозиција, Небојша Медојевиќ, пред два месеци на твитер напиша:

Кавачкиот нарко клан е клан на Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора. Пасошите им се обезбедени од Фахрудин Радончиќ од БиХ и Хашим Тачи. Логистиката им ја обезбедува албанската мафија во Виена, Прага, Брисел, Киев. Ликвидациите во странство се дел од црните операции на Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора.

Сите истакнати војници и газди на кавачкиот клан имаат пасоши од БиХ, а министерот за безбедност Фахрудин, е агент на КОС, со кодно име “Шчепо”, напиша Медојевиќ на твитер.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *