Нов претседател на тимот ќе биде Хишам ал Хамад ал Мана. Овој клуб беше синоним во Италија во девесетите години од минатиот век, кога главен спонзор беше компанијата „Пармалат“. Со нејзиното пропаѓање дојдоа и проблемите, па клубот по неколу испаѓања и промоции во Серија Б, во 2015 година мораше да прогласи банкрот.

Клубот беше формиран од нула под името Парма 1913 и за само неколку години успеа да се врати во Серија А. Доколку се остварат најавите за новите катарски инвеститори во клубот, може да ја видиме Парма повторно на врвот во Серија А, па зошто да не и во Европа.

Впрочем овој тим во 1995 и 1999 година го освои УЕФА Купот или сега попознат како Лига на Европа.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *