Лидерот на републиканското мнозинство во американскиот Сенат, Мич Меконел, изјави денес дека претседателот Доналд Трамп треба целосно да побара да се испита дали имало „неправилности“ на претседателските избори минатата недела.

Во говорот во Сенатот, Меконел не ги призна Џо Бајден за избран претседател и Камала Харис за избран потпретседател, објави Ројтерс.

Претседателот Трамп има 100 процентно право да бидат испитани неговите обвинувања за неправилности и да ги искористи сите законски опции, рече Меконел.

Републиканскиот лидер во Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, Кевин Мекарти за Фокс њуз изјави дека треба да се слушнат сите правни аргументи пред Американците да решат „кој ја добил трката“.

Њут Гингрич, американски политичар од Републиканската партија, изјави дека изборите во САД биле украдени на штета на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Тој исто така посочи дека грабањето на власта од страна на левицата беше финансирано од луѓе како милијардерот Џорџ Сорос.