Федералната биомедицинска агенција на Русија (ФМБА) патентираше домашен лек за лекување на вирусот корона што може да ги спречи или ублажи цитокинемичките експлозии (хиперцитокинемија), објавено е на веб-страницата на Агенцијата.

Роспатент истакнува дека Лајтрагин е чисто руски лек. Лекот, како и сите компоненти, може да биде целосно произведен во Русија. По завршувањето на клиничките испитувања и регистрацијата на лекот во Министерството за здравство, Научниот центар за биомедицински технологии на Русија ќе може да започне со масовно производство на лекот, така што лекарите ќе можат да се справат со компликациите што се развиваат кај пациенти со коронавирус што доведуваат до нивна смрт, се вели во соопштението.

Според директорот на ФМБА, Вероника Скворцова, станува збор за спречување или ублажување на таканаречената цитокинемична експлозија (потенцијално смртоносни и неконтролирани реакции на имунолошкиот систем кои предизвикуваат уништување на ткивото во пределот каде се жариштата на заразата а потоа и ширење низ целото тело ). Роспатент веќе донел одлука за издавање патент и документацијата за тоа веќе се подготвува.

Како што појасни Агенцијата, вообичаеното име на оригиналниот лек е „Даларгин“. Користено е за лекување на чир на желудник, акутен панкреатитис и некроза на панкреасот. Истражувачите го искористиле за да создадат нов лек против вирусот корона. Тие нивниот развој го нарекоа „Лајтрагин“. Истражувањата покажаа дека инхалацијара е најефикасниот начин за негово користење.


Напишете коментар