Вселенскиот патријарх Вартоломеј уште еднаш го осуди претворањето на Света Софија во џамија, велејќи дека нема потреба од тоа и дека ваквите одлуки се навредливи.

Како да немаше доволно џамии во градот, како да беа потребни повеќе места за богослужба за верниците чија религија преовладува тука, владата побрза да ги донесе овие одлуки и постапки што нè навредуваат, го навредуваат нашиот идентитет, нашата историја, нашата култура. Ние исто така страдаме и се молиме, рече патријархот Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ги спореди сегашните активности на турските власти со погромот на Грците во Истанбул во 1955 година и затворањето на богословијата на Халки во 1971 година.

Денес се одбележува 65-годишнината од трагичната ноќ во септември 1955 година кога варварството ги уништи нашите куќи, продавници, цркви, невините луѓе кои го почитуваа законот, дури и нивните гробови беа сквернавени, мртвите не беа почитувани, немаше ни трошка култура ниту емоции, рече патријархот Вартоломеј.

Вартоломеј се обрати на церемонијата на ракополагање на еден од свештениците во училиштето Халки, беше објавено на официјалната веб-страница на патријаршијата.

Да потсетиме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша декрет со кој црквата во Хора, една од најпознатите византиски градби во Истанбул, се претвора во џамија, само еден месец откако истото тоа беше направено со Света Софија.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *