Каков и да е одморот што го поминуваме, во луксузен хотел или во рурално домаќинство, планирањето на патувањето и самиот одмор ги прават луѓето среќни, па тие повеќе би сакале да патуваат некаде отколку, на пример, да одат „на состанок“, покажува истражувањето спроведено на 17 илјади испитаници .

За повеќето испитаници, патувањето е клучот за вистинска среќа, покажува истражувањето спроведено во 17 земји. Скоро половина од испитаниците рекле дека патувањето на годишен одмор им носи поголема среќа од денот на нивната венчавка, додека повеќе од три четвртини (околу 77 проценти) велат дека резервираат вакви патувања за да се расположат кога им е потребно.

Некој 5 проценти се изјасниле дека 6 години не би имале секс во замена со нивната животна дестинација како одмор.