Поранешниот пратеник и еден од лидерите на Шарената Револуција, Павле Богоевски на својот фејсбук профил објави дека партијата Левица има депозит поголем од 30 илјади евра на сметка во пропаднатата Евростандард банка. На тој начин директно го обвини својот соборец од Шарената Револуција, а сега пратеник и лидер на Левица, Димитар Апасиев за лицемерно однесување.

Еве дел од фејсбук статусот на Богоевски:

Извесно е дека правното лице Политичка партија Левица има депозит поголем од 30.000ЕУР во Еуростандард Банка. Партиската сметка за изборите е со код на Еуростандард Банка.

Затоа се изненадив кога димчевистиве со молскавична брзина се потресоа во име на „обесправениот работник и граѓанин“. Профата со 10,00 просек не ги забележал предупредувачките знаци кои ги забележале многу други и си ги повлекле сретствата. Затоа и во моментот на пропаѓањето само 74 ентитети имале депозити поголеми од 30.000 ЕУР во Еуростандард Банка. Па сега уште и пампари со некави реформи за „антилихварско банкарство“, напиша Богоевски.

Многу ми е криво, вели тој, што ќе му заглават парите на димче ама нели левица беше партија од народот за народот на која не и’ требаат тешко заработените пари на граѓаните???

Богоевски ја објави и жиро сметката ( за изборите ) на партијата Левица во Евростандард банка.

Во текот на денот немаше реакција на Апасиев на овие обвинувања од Богоевски!


Напишете коментар