Повеќе од 2,000 билети биле продадени за концертот на Петар Грашо на Хераклеа во Битола, иако дозволено било присуство само на 600 посетители, поради што Државниот пазарен инспекторат ќе го казни организаторот

Првичниот записник е направен во 21.30, кога се беше во ред, влез, сместување на посетителите, се беше во ред, пазарните инспектори си заминаа, не можеме ние да седиме цел концерт. подоцна добивме најава дека преминало во журка, па е составен нов записник и ќе следи соодветен поднесок, вели Лилјана  Талевска, раководител за инспекциски надзор Битола.

Од Прагма продукција, кој го организираше концертот на Петар Грашо тврдат дека протоколите не се прекршени за што имаат записник од ДПИ.

Новинарот Филип Етмишовски вели дека ги следи сите концерти, кој се организраат во време на пандемија под посебни мерки за заштита, но концерот на Петар Грашо дефинитивно ги прекршил сите протоколи.


Напишете коментар