На Јадранот продолжуваат изопачените и настрани активности на мажите кои снимаат голи деца на плажите.

Последен во низа е случајот со 83-годишен германски државјанин, кој го забележале посетителите како на 8 август во нудистички камп во областа Пореч, ги снима нивните деца на плажа со видео камера, пренесува хрватските медиуми.

Запрепастените родители веднаш ја известиле полицијата во Пореч, која по спроведената истрага го уапсила педофилот од Германија. Врз основа на судската налог, полицијата извршила пребарување во неговиот камперот и камера и пронашле инкриминирачки содржини, каде во главните улоги се малолетни деца.

По завршувањето на кривичната истрага, германскиот пензионер е кривично пријавен за експлоатација на деца за порнографија.

Обвинителството, меѓу другото, ќе побара негов притвор затоа што тој е странски државјанин.


Напишете коментар