Кинеската престолнина немаше нови случаи цели 55 дена, сè до минатата недела.

Пекинг го затвори својот најголем пазар за зеленчук и месо, поради стравувањата од повторна појава на случаи на коронавирус во кинеската престолнина. Градските власти, исто така, затворија 11 блиски станбени заедници.

Најмалку 45 од 517 примероци собрани досега од трговци и вработени на пазарот Ксинфанд се позитивни за вирусот корона.

Илјадници тестови на нуклеинска киселина се направени меѓу трговците и купувачите кои го посетија пазарот на големо Кдинфанд и жителите на одредени станбени комплекси, за да проверат дали има повеќе случаи, соопштија здравствените власти.

На пазарот соопштија дека вирусот е откриен на даските за сечење на увозен лосос.

Пекинг, град со околу 21 милиони луѓе, не пријави нови случаи на вирусот корона 55 дена, сè додека еден човек не беше дијагностициран со инфекција оваа недела.

Во следните 48 часа, откриени се шест нови случаи.

Пазарот се најде во центарот на вниманието откако беше откриено дека првите три случаи се поврзани со пазарот: два на пазарот, а третиот работел со еден од нив во Институтот за истражување на месо.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *