Индија вчера регистрираше рекорден број на инфекции и смртни случаи од КОВИД-19 за еден ден, објави Ројтерс.

Во последните 24 часа регистрирани се 412.262 новоинфицирани лица, со што вкупниот број е над 21 милион, соопшти Министерството за здравство.

Бројот на починати достигна 230.168, откако вчера беа регистрирани 3.980 нови смртни случаи.