Нацистичкиот водач Адолф Хитлер имаше намера целосно да ги уништи Москва, Ленинград ( денешен Санкт Петербург ) и Киев и да го истреби населението со цел да спречи каков било отпор.

Нацистите планираа целосно да ја потопат Москва по отворањето на браната на каналот Москва-Волга, наведува „Руска реч“, повикувајќи се на сведоци и документи од Втората светска војна.

Хитлер имал намера да го претвори Советскиот сојуз во низа комесаријати на Третиот рајх, со што ќе ја победеше Црвената армија.

Зигфрид Каше, германски амбасадор во фашистичката Независна држава Хрватска, беше назначен за иден рајх-комесар за области што би ги опфатиле северна и централна Русија, сè до Урал.

До крајот на војната, Каше го чекаше моментот кога германските тенкови ќе влезат во Кремљ, што никогаш не се случи. Погубен е на 7 јуни 1947 година, откако беше осуден за воени злосторства во Југославија.

Плановите на Хитлер за уништување на Советскиот Сојуз и Русија изгледаат како кошмар, се вели во текстот.

Фирерот имал намера од Крим, заедно со големата задница на северот, да бидат раселени сите жители.

Покрај тоа, балтичките држави, „колонијата Волга“ и областа Баку ( како воена концесија ) исто така би му припаднале на Рајхот.

Волф-Хајнрих фон Хелдорф, генерал на СС и шеф на берлинската полиција, кој се збогатил со изнудување имот од Евреите во средината на 30-тите години на минатиот век, бил задолжен за поробување и протерување на жителите на Јарославље.

Нацистите претпоставувале дека Советскиот Сојуз нема да биде поразен целосно со воени средства, дури и по освојувањето на главниот град и големите градови, па затоа планираа да создадат нова граница на „А-А линијата“, од Архангелск до Астрахан.

Тоа би значело дека Советскиот Сојуз ќе изгуби 86 проценти од своите извори на нафта.

Хитлер имал намера да изгради стотици бункери на новата граница со „остатокот од Русија“.

Ото Скорцени, „најопасниот човек во Европа“, специјалист за специјални операции, кој ќе го ослободи Бенито Мусолини од заробеништво на планината Гран Сасо во 1943 година, беше одговорен за уништување на Москва за време на операцијата „Тајфун“. Тој требаше да го надгледува поставувањето динамит на клучните локации.

По освојувањето на европскиот дел на СССР, нацистите планирале да го претворат азискиот дел во низа „безопасни аграрни републики“.

Во иднина, освоените територии во Русија, Украина и другите делови на СССР требаше да бидат колонизирани од германски имигранти или локални малцинства.

Хитлер нареди никогаш да не се дозволи создавање на која било руска држава источно од „А-А линијата“ (сметајќи на неговите наследници).

Ништо од тоа не се случи.

Воената машина на Адолф Хитлер не успеа во борбата против Словените, кои толку ги презираше и ги сметаше за „подлуѓе“, наведува „Руска реч“.