„Азербејџанските сили ги продолжија борбените дејствија во правец кон населбите Стари Таглар и Хчеберд на 12 декември“, се вели во соопштението.

Се додава дека армијата Нагорно Карабах ги презеде сите потребни чекори во врска со ова.

Засега е непознато дали има жртви во борбите.

Исто така, азербејџанската страна досега не даде коментар за ова прашање.

Патем, како што потсетуваат руските медиуми, овие две места во Нагорно Карабах се единствените кој што не се под контрола на азербејџанската армија.

Да потсетиме, Азербејџан и Ерменија, со посредство на Русија, постигнаа примирје на 10 ноември, а потоа сите борбени операции беа целосно запрени.