На денешната прес конференција Претседателот Стево Пендаровски рече дека е во постојана комунуикација со лидерите на политичките партии но и со нашите стратешки партнери од меѓународната заедница. Пендаровски ја изрази загриженоста дека евентуалната правна и политичка криза може да прерасне и во безбедносна.

“Постои потенцијална опасност и можен неповолен развој на настаните доколку се случи да организираме изборен процес кој нема да биде инклуизивен. Знаеме дека нашето опшстество е со години крајно полазирано по разни основи. Говорот на омраза ги продлабочува разликите по политичка, етничка, верска и партиска линија. Од март оваа година се наоѓаме во комплексна здравствена криза заради пандемијата. Поради тоа што Собранието е распуштено, а имаме недоволно разработена норматива за вонредни ситуации имаме иницијални елементи на уставно правна криза. Доколку не успееме да се договориме за транспарентен и инклузивен изборен процес тоа ќе значи влез во длабока политичка криза. Ако го погледаме поширокиот регион во кој се наоѓаме и обидите за негова дестабилизација како хибридните закани и лажните вести не можеме да исклучиме дека евентуалната правна и политичка криза нема да прераасне во безбедносна”.

Ако се чита меѓу редови изјавата на Пендаровски тој потенцираше две работи. Прво, хибридни закани и второ лажни вести. Пред еден месец амбасадорот на САД во НАТО најави финансиска помош за Македонија во борбата против лажните вести. Минатиот октомври државниот секретар на САД Мајк Помпео во Охрид изјави дека Македонија не смее да дозволи руски ботови да ја водат политиката во државата. Кога денешната изјава на Пендаровски ќе се стави во тој контекст тогаш тој меѓу редови испраќа порака, која очигледно е координирана со стратешките партнери од меѓународната заедница со кои како што самиот кажа е во постојана комуникација, дека ако нема договор за изборите тоа може да е дел на едно сценарио за хибридни конфликти во Македонија.


Напишете коментар