Претседателот Стево Пендаровски не донесе нова одлука за продолжување на вонредната состојба во државата. На денешната прес конференција Пендаровски ја истакна потребата да има избори во државата за да не влеземе во уставна и политичка криза. Според Пендаровски, во услови кога полазираноста во општеството е толку силна, за да не се продлабочи кризата треба лидерите на двете најсилни партии да седнат и да ги надминат сите разлики околу датумот за изборите. Пендаровски смета дека нема време за губење и дека уште денес ќе ги контактира Заев и Мицковски за да се најде решение, бидејќи Мицкоски и Заев се разликуваат околу дадата за изборите за осум до 15 дена. Како што рече Пендаровски партиите се разликуваат дали изборите да бидат во периодот меѓу 5 и 19 јули. Во секој случај со ваквата одлука на Пендаровски тој го ограничи простор за делување на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да бидат изборите одолговлекувани до крајот на летото.


Напишете коментар